Кревети за спиење во авионите од 2024 година

35

Претходно најавените „капсули“ за спиење на „Ер Нов Зеланд“ веројатно ќе чинат помеѓу 400 и 600 новозеландски долари (250-380 американски долари) за период од четири часа користење, или до приближно 100 долари на час, соопшти авиокомпанијата.

Патниците кои летаат од Окленд до Чикаго и Њујорк ќе можат да спијат во кревети на спрат, моделирани по бродски кабини, а услугата треба да започне во септември 2024 година, соопшти авиокомпанијата од Нов Зеланд.

Да потсетиме, за ова се зборуваше и минатата година, кога концептот наречен „Skynest“ беше во зародиш, дизајниран со цел да го направи поудобен за патниците на долгите летови.

Проектот е дизајниран да има 6 кревети, односно два реда од три кревети на спрат, а на патниците ќе им се обезбеди приватност со завеса.

Air New Zealand ќе понуди повеќекратни четиричасовни сесии на ултра долги летови, со 30-минутна пауза за чистење помеѓу секоја сесија. Според CNBC, патниците можат да имаат само една четиричасовна сесија по патување.

Секој кревет ќе има перница, чаршафи, ќебе, чепчиња за уши и светло за читање, како и безбедносен ремен за патниците да можат да се закопчаат ако се појават турбуленции.

Оваа новина ќе биде вклучена во некои од постојните авиони Боинг 747 во Нов Зеланд.

Фото: Facebook