Кристин Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот поредок

Сегашниот светски поредок се менува, но неговата трансформација не значи целосен прекин со постојниот поредок, изјави  претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, отфрлајќи го тврдењето на канадскиот премиер Марк Карни дека „ние сме во средината на прекин“.

„Не се согласувам целосно со Марк“, изјави Лагард на Светскиот економски форум во Давос, пренесува Ројтерс.

Таа изјави дека верува оти тие – креаторите на политиките – стигнале до точката каде што мора да размислат за план Б, но дека дури и со таков план, не е сигурна дека треба да се зборува за прекин со постојниот поредок.