Криза е – Во Виена воведена наплата за возење со лифт

130

Поскапувањето на енергенсите во Австрија значително ги зголеми цените за одржување на зградите и со тоа врати некои работи кои беа одамна укинати.

Така, во некои згради во Виена е вратена наплатата за возење со лифт.

Во станбена зграда во Виена, секој што сака да се качи со лифт мора да стави 20 центи во кутијата, а оние што не сакаат ќе мора да одат пешки.

На жителите им се дава клуч за да го отворат лифтот, а гостите мора да платат за возењето. Сепак, плаќањето е можно само на приземје, па спуштањето во лифт е можно само со клуч. Што се однесува до клучот, ни тој не е бесплатен, но ги чини станарите од 15 до 20 евра месечно.

Во многу стари згради, а ги има и во Виена, има стари лифтови со каси, кои беа ставени надвор од употреба, а сега повторно добиваат на значење.