Кризата во еврозоната главна тема на Г20

22

Групата 20 најразвиени земји во светот и економии во забрзан раст, разговараа за решенија за неуморната должничка криза во Европа.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Г20 вчера го почнаа дводневниот состанок во Мексико. Епицентар на кризата повторно се врати во Грција, која сеуште нема постигнато договор со кредиторите за мерките на штедење, неопходни за ослободување на траншата за помош, без која Атина веќе кон средината на овој месец би можела да банкротира.

И додека Европа се обидува да го увери светот дека ја решава должничката криза, од САД не се очекуваат објаснувања за тоа како планираат да го решат проблемот “фискална карпа”, комбинација на буџетското штедење и раст на данокот, која ќе стапи на сила во јануари, ако Белата Куќа и Конгресот не постигнат договор до крајот на годината. Иако фискалната ситуација во САД е причина за загриженост, официјалните лица не очекуваат напредок по тоа прашање пред завршувањето на претседателските избори.

Меѓународниот монетарен фонд по самитот на Г20 што се одржа во јуни, ја намали прогнозата за овогодишниот глобален економски раст на 3,3%, невработеноста во еврозоната скокна на рекордни 11,6%, а економскиот раст успори во растечките економии.