Крка мора да плати 10 милиони евра казна

54

krka

Европската комисија вчера одлучи да ги казни француската фармацевтска компанија Servier, израелска Teva, словенечка Крка, Mylan Laboratories, Lupin и Niche/Unichem со 427,7 милиони евра поради одложување на пуштање на поевтини верзии на генерички лекови за хипертензија, јавува Блумберг.

Компаниите ќе мора да платат казна за склучување на голем број на трансакции за заштита на најдобро продаваниот лек на француската компанија Servier за намалување на крвниот притисок, периндоприл, пред другите конкурентски генерички лекови во ЕУ.

“Servier имаше стратегија систематски да ги откупи конкурентните закани за да бидат сигурни дека ќе останат надвор од пазарот. Ваквото однесување јасно е анти-конкурентно и навредливо”, вели европскиот комесар за пазарна конкуренција, Јоакин Алмуња во соопштението.

Најголемата казна ќе ја плати Servier, 331 милиони евра, Teva е казнета со 15,6 милиони евра, а словенечка Крка ќе мора да плати казна од 10 милиони евра.

Според Алмуња, француската компанија четири години им плаќала на производителите на генеречки лекови во замена за ветување дека нема да влезат на пазарот со поевтина верзија на периндоприл и ќе се воздржат од правни предизвици за време на траењето на договорот.

Казнетите компании не се согласуваат со Комисијата и планираат да ја обжалат одлуката.