Kuehne + Nagel дел од швајцарскиот индекс SUSTAINABILITY 25 SIX

23

Kuehne + Nagel, една од водечките логистички компании во светот, е официјално вклучена во швајцарскиот индекс SUSTAINABILITY 25 SIX, еден од најважните индекси за одржливост во Швајцарија.

Листата ги вклучува 25-те акции на SMI Expanded Index коишто имаат најдобра оценка за одржливост. Истата е направено врз проценка од околу 90 индикатори специфични за оваа индустрија.

Д-р Детлеф Трефгер, извршниот директор на Kuehne + Nagel International AG за оваа прилика изјави:

“Убедени сме дека одржливоста ги поставува темелите за економски успех. Токму затоа одржливоста е составен дел од нашиот бизнис. Ние постојано ги следиме и проценуваме економските, социјалните и еколошките влијанија од нашите активности. Вклучувањето во индексот SIX Switzerland Sustainability 25 е потврда за тоа и воедно поттик за нас“.

Стратегијата за одржливост на Kuehne + Nagel има за цел да ги направи складирањето и транспортот поефикасни, како и да избегне непотребен транспорт. Со имплементирање на иновативни технологии, клучни податоци и предвидувачки анализи Kuehne + Nagel дополнително го оптимизира ланецот на снабдување на клиентите правејќи го уште поодржлив. Со помош на решенија скроени по нарачка, Kuehne + Nagel им помага на клиентите во постигнување на нивните цели за оддржливост.

Kuehne + Nagel издава годишен извештај за одржливост во согласност со меѓународно признатите стандарди. Извештајот за одржливост во 2017 година беше објавен пред неколку недели.