Kuehne + Nagel ја надгради својата Европска фармацевтска флота

27

Kuehne + Nagel инвестираше во својата Европска фармацевтска флота, со цел да го зајакне својот копнен транспортен ланец на фармацевтски производи, KN PharmaChain, во регионот. Со тоа компанијата е целосно подготвена за претстојната сезона на испораки. Kuehne + Nagel успешно распореди 35 нови фармацевтски приколки и пред годинава да заврши флотата ќе добие дополнителни 45. Компанијата планира во следните неколку година бројката да достигне 200 приколки.

Со надградба на веќе постоечката флота на приколки со стандардизирана Schmitz Cargobull шасија со Thermoking единици за ладење, Kuehne + Nagel има за цел да ги олесни услугите за активните и температурно контролирани FTL и LTL пратки низ цела Европа. Копнената фармацевтска флота е дел од KN PharmaChain, мрежата којашто обезбедува мултимодален GxP компатибилен превоз од врата до врата на глобално ниво, зголемена видливост и подобрено следење на испораките, како и интензивно и проактивно управување со ризик и интегрирани услуги за складирање.

“Логистичките решенија за за фармацевтската и здравствената индустрија се меѓу најважните фактори за развој на копнениот и регионалниот бизнис на Kuehne + Nagel. Оваа инвестиција е дел од нашата заложба да обезбедиме сеопфатни транспортни решенија, услогласени со GxP за индустријата, коишто можат да бидат прилагодени на специфичните потреби,“ изјави Уве Хот, постар заменик претседател на Overland Europe во Kuehne + Nagel.

Новите фармацевтски приколки се целосно компатибилни со GxP и нудат најмодерна технологија за транспорт со контролирана температура, вклучувајќи двојна температура, опрема на две нивоа, интегрирани безбедносни брави компатибилни со TAPA (Transport Asset Protection Association) коишто се отвораат од далечина со уникатен код, интегриран контролна табла, печатач за извештај за температурата и GPS контрола за позиционирање, температура, сензори за врата, спојување и технички статус.