
Со цел што подобро да ги опслужи пазарите во Централна Азија и Кавказ Kuehne + Nagel ја шири својата логистичка мрежа и во тој регион.
Компанијата неодамна отвори нови канцеларии во Баку, Азарбејџан и во Алмати, Казакстан.
Логистичката групација се повеќе им излегува во пресрет на овие две земји, коишто покажуваат зголемени годишни стапки на раст на БДП за 4%, како и зголемена побарувачка на логистички услуги особено во индустријата за нафта и гас, во стоки за широка потрошувачка и во интегрирани логистички проекти.
Пери Њуман, претседател на Cluster Russia + CIS и генерален директор на Kuehne + Nagel LLC, за оваа прилика изјави:
“Со постојаното ширење на нашата логистичка мрежа низ целиот регион нудиме интегрирано портфолио на услуги во согласност со нашите стандарди за висок квалитет, како за локалните така и за интернационалните клиенти од сите големи индустрии.“
“Нашата докажана експертиза во логистика на нафта, гас и логистички проекти, како и нашата цврста глобална мрежа, се најпогодни за да ги задоволат барањата на зголемената побарувачка на пазарите во Азербејџан и Казакстан и да обезбедат сеопфатни и најсовремени решенија.“