Kuehne+Nagel ја вклучи блокчејн технологијата во VGM порталот

18

Kuehne + Nagel за прв пат ги користи придобивките на блокчејн технологијата во голема оперативна средина со 800.000 трансакции месечно, преку надградба го својот добро познат VGM портал.

Подобреното решение ги снабдува шпедитерите со нови функции коишто го олеснуваат водењето на бизнисот и го зголемуваат степенот на транспарентност на VGM статусот за сите пратки на клиентите и на целата историја на информации.

Сите информации коишто се доставуваат преку порталот се зачувуваат во ланецот, што пак овозможува користење на домашен блокчејн интерфејс за разменување на податоци со трети страни. Ова ја елеминира потребата од дополнителна канали за комуникација надвор од ланецот.

Kuehne + Nagel го дизајнираа решението за точно да ги исполни барањата на индустријата за доверливост   и приватност на податоците додавајќи ги природните карактеристики на блокчејн технологијата за непроменливост и следливост.

Мартин Колбе, главен директор за информации во Kuehne + Nagel International AG изјави

“Листата на ветувања поврзани со употребата на блокчејн во логистичката индустрија е долга, но апликациите во реалниот свет е тешко да се најдат. Решението на VGM  порталот на Kuehne + Nagel, коешто е заеднички развиено од страна на нашите експерти за поморски транспорт и нашиот ИТ тим, ни овозможува да добиеме вистинско практично искуство со блокчејн технологијата во една производствена околина со голем број на трансакции. Kuehne + Nagel е вклучен во голем број блокчејн проекти со клинети, добавувачи и владини тела коишто решаваат разни предизвици во индустријата од различни домени, од причина што целосниот потенцијал на блокчејн технологијата може да биде од корист само кога има соработка со бизнис партнерите.”

Првата верзија на порталот VGM на Kuehne + Nagel беше претставена во 2016 година со цел да им даде на шпедитерите практично решение при пополнување на нивните VGM декларации коишто се потребни за испораките на поморските пратки согласно одредбите од Меѓународната конвенција за безбедност на животот на море (SOLAS). Сега употребата на блокчејн технологијата уште повеќе ја подобрува размената на податоци помеѓу различни партнери.

Фото: Kuehne + Nagel