Кули од челична конструкција како места за пикник

51

A-B-A_Power_Tower_5_small_one_day_lead-889x773Шведскиот кралски двор го најми архитектонското студио Anders Berensson Architects (A-B-A) повторно да оживее 12 неискористени кули од челик во централен Стокхолм, пишува Inhabitat. Две од нив ќе бидат претворени во опсерваториски палуби каде посетителите ќе уживаат во пикник под небото и панорамски поглед на Norra Djurgården – националниот парк во градот.

Дванаесетте кули беа првично изградени да ги поврзуваат жиците со струја над дрвјата во паркот, што значи дека доволно се цврсти за да се изградат пешачки платформи. Одговорните сметаат дека луѓето повеќе ќе го посетуваат паркот и истите ќе бидат омилено место на фотографите.

Студиото A-B-A предлага дизајн со којшто ќе се додадат скалила и платформи од дрво наместо од челик, со цел да се намали целокупната тежина на кулите коишто би биле обоени во жолта боја. Во долниот дел планирано е да има киосци каде ќе се продаваат пијалоци.