Официјален Брисел планира да им дозволи на владите од земјите во Европската Унија да можат при склучувањето на договорите да ја вклучат и одредницата „купувај европско“, како одговор на политиката на „Америка на прво место“ која се промовира од американскиот претседател Доналд Трамп.
Европската комисија ќе предложи да се користи оваа „одредба“ во јавните набавки во критичните сектори и технологии, дознава „Фајненшел тајмс“. Официјални лица информираат дека целта е да им се даде можност на земјите од ЕУ да ги заштитат важните сектори од „евтината“ конкуренција од Кина и од други земји. Овој предлог за кој се залага поранешниот италијански премиер Марио Драги е се уште во фаза на расправа.
Одредбата „купувај европско“, може да ја погоди економијата на Велика Британија и Швајцарија, а таа долго време беше во разработка во Брисел. Најновата иницијатива доаѓа во време кога престедателот на САД се залага за давање на предност на домашните американски компании, пренесува Сеебиз.