
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес изјави дека Кина мора да преземе дел од одговорноста за глобалната трговска нерамнотежа.
За време на нејзиното обраќање во седиштето на кинеската централна банка во Пекинг, таа нагласи дека огромните глобални трговски нерамнотежи, особено меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, претставуваат сериозна закана за светската економија, објавува Политико.
„Ако навистина сакаме да го зачуваме просперитетот, мора да бараме заеднички решенија – дури и кога постојат геополитички разлики. Ова значи дека и земјите со суфицит и оние со дефицит мора да преземат дел од одговорноста“, изјави Кристин Лагард.