Лаги што лидерите најчесто си ги кажуваат

25

pino

Фото: Pixabay

Сите се обидуваме да мислиме добро за себеси, но постојат лаги што си ги кажуваме, а може да ни нанесат штета изолирајќи се од вистината што ни е потребна. Лагите се кажуваат за да “помогнат“ или повредат некого. Лидерите кажуваат лаги за да ги “заштитат“ оние кои не можат да се справат со вистината или  манипулираат со оние кои знаат премногу. Најопасни се лагите што си ги кажуваме себе си.

Ова се најчестите невистини што си ги кажуваат лидерите.

Имам сè под контрола

Контролата е илузија, како лидер мора да ја испуштите илузијата дека сè може да контролирате и фокусирајте се на работи што навистина може да ги контролирате.

Можам сам

Никој не може сè да направи сам. Без разлика какви достигнувања сте постигнале тоа не сте го направиле сами. Потребен е одличен тим, прекрасна група на талентирани луѓе кои ќе влијаат. Запрашајте се кој придонел за вашиот успех.

Немам време

Времето е скапоцено за секого, но секогаш има време да го завршите она што е важно. Велејќи си себе си дека не може да извршите некоја приоритетна задача бидејќи немате време е само изговор.

Јас знам најдобро

Лидерството е вклучување на другите и учење. Лидерот не може да ги знае сите одговори, а најдобрите лидери се фокусираат на учење и развој.

Јас сум добар слушател

Една од најискрените форми на почитување е слушање на она што некој друг има каже. За лидерите уметноста на разговорот лежи во слушањето.

Не сум егоист

Ништо не го уништува лидерството побрзо од егото.