
Според видот на објектот, во Македонија бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), 8 скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %).
Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација, објави Државниот завод за статистика.
Главни поенти
Во 2024 година:
- Најголем број бесправно изградени објекти, 93,8 %, се во приватна сопственост
- Најмногу бесправно изградени објекти, 19,9 %, се за домување













