Lechal – паметни патики што преку вибрации го покажуваат патот по кој се движат

47

lechal

На светската понуда на паметни часовници, нараквици, мобилни телефони, компјутери и слично, се приклучува уште еден паметен производ – паметните патики Lechal.

Овие патики можат да го следат бројот на направени чекори, помината оддалеченост. Но имаат и една дополнителна можност, за која креаторите на овој производ веруваат дека ќе им помогне на слепите луѓе, но и на туристите кои не сакаат да се снаоѓаат во просторот со карти за да ја утврдат насоката по која сакаат да се движат, јавува bug.hr.

Патиките имаат поддршка од Google maps и преку вибрации на корисниците можат да им го покажат патот по кој треба да се движат.

На пример, доколку корисникот сака да заврти лево, почнува да вибрира левата патика, а доколку треба да се движи на десно, тогаш вибрира десната патика. Посакуваната дестинација се внесува на некој мобилен уред, како што е телефон или таблет, додека далечинската комуникација се одвива преку Bluetooth.

Доколку на корисниците не им се допаѓа дизајнот на овие патики, компанијата во понудата има и влошки кои одговараат на поголемиот број чевли и патики. Модулот што ги спојува патиките или влошките со паметниот телефон има вградено батерија што има доволно капацитет за да издржи состојба на готовност околку десет дена, односно три дена активно користење.

Патиките се производ на индиската старт – ап компанија Ducere Techologies, а во продажба ќе бидат од септември оваа година по цена од 100 долари.