Легендарните ликови Мики и Мини со потпис на Swarovski

92

Mickey-Minnie-Limited-Edition-Swarovski-Statue1

Луксузниот бренд Swarovski создаде ограничена серија на популарните ликови на Дизни, Мики и Мини, пишува Pursuitist. Истата се состои од 250 парчиња коишто ќе бидат достапни само во 2016 година. Легендарните глувчиња се рачно декорирани со 40.830 кристали, користејќи ја техниката Pointiage.

За да се создадат светкавите Мики и Мини, на вештите изработувачи од Swarovski им требаа повеќе од 184 часа. Ликовите се спакувани во препознатливата сина кутија на брендот на којашто се наоѓа сертификатот за автентичност и бројот на самото издание.

luksuz-trend-fancy-swarovski-02 (1)luksuz-trend-fancy-swarovski-02 (2)luksuz-trend-fancy-swarovski-02 (4)luksuz-trend-fancy-swarovski-99