Lego групацијата претстави нова програма нарачена LEGO replay, со којашто ќе се собираат користени коцки и ќе се донираат на непрофитни организации за деца во САД.
За оваа цел, данската компанија соработува со Give back box, Teach for Аmerica и Boys & girls clubs of Boston.
Заеднички ќе се собираат коцки, играчки, разни елементи во хартиени кутии коишто потоа бесплатно ќе се транспортираат до просториите на Give back box, којашто е донаторска организација.
Таму играчките ќе се сортираат, прегледуваат и ќе подложат на темелно чистење. Од Lego велат дека ова е можност да направат истовремено филантропско дело и да бидат одржлива компанија, пишува Designboom.
Првите испораки за дечињата од САД се очекува да бидат во ноември. Штом пилот програмата ќе биде комплетирана следната пролет, Lego групацијата ќе разгледа и проширување на истата во други земји.
Фото: Pixabay