LEGO лекции за лидерство

33

lego

Фото: Lego

Неколку лекции за лидерство од Кен Перлман, вработен во компанијата Лего и посветен татко на две девојчиња.

Како низ играта со популарните коцки се учат важни работи.

Започнете со тоа како изгледа успехот

LEGO ни дава јасна слика за тоа финалниот производ, токму на кутијата. И истиот секогаш изгледа одлично. Сосем малку се споменува бројот на парчиња, чекори, кесички… што само би ја намалило возбудата. Така вие веќе сте се вљубиле во крајниот резултат уште пред да го купите. Грешката е што многумина не успеваат да ја прикажат одличната слика од тоа како успехот изгледа.

Земете ги во предвид ‘заменливите делови’

Многу ретко, но се случува да фалат LEGO коцки. Наместо да престанете со играта, треба да внесете иновација, тоа го прават моите ќерки. Од кутијата со резервни делови бараат што може да одговара и продолжуваме со градење. Честопати луѓето, деловите, ресурсите и лекциите се таму некаде на дофат, но ние ретко се враќаме назад по нив.

Инструкциите се корисни, понекогаш

Додека јас се обидувам да ги разберам инструкциите која коцка каде треба да стои, моите ќерки едноставно ги редат како знаат и умеат велејќи ‘Ајде ќе се обидеме вака, па ќе видиме дали ќе успее’. Токму таа бестрашност е клучниот елемент за да се забрза иновацијата. Најважно во лидерството е да се охрабрат и наградат тие што екпериментираат, што се обидуваат, учат и создаваат.

Позабавно е кога повеќе луѓе работат заедно

Да се работи на сопствен проект е одлично. Но да се сподели искуството со некого, како со моите ќерки во случајов е многу позабавно. На моите клиенти им е полесно да најдат 100 волонтери и секој од нив да работи еден час, отколку да најдат еден човек кој ќе биде слободен да волонтира 100 часови. Секој еден волонтер ќе сподели свои гледишта, идеи, способности и со тоа процесот на иновација ќе оди побрзо, подалеку и послободно.

Квалитот на финалниот производ лежи во имагинацијата

Откако направи LEGO мотор, ќерка ми случајно седна на него и го растури. Но сепак тоа воопшто не ја погоди, затоа што виде можност истиот да се направи одново, но овој пат подобро. И успеа во тоа. На крајот на денот се се сведува на имагинацијата на градителот.