Лекции што нема да ги научите од професорите

32

knigi

Фото: Pexels

Некои работи нема да ги научите во студентските клупи. Во реалниот живот работите функционираат малку поинаку. Она што нема да ве научат професорите е следново:

Ефикасен начин да ја задржите работата е познавањето на успехот. Посветете се на тешки, но остварливи цели и постигнете повеќе од другите.

Бидете во трка со времето секој ден. На луѓето им е важно како ќе ја завршите/решите денешната задача или проблем, минатите успеси остануваат во сенка.

Дејствувајте со отворен ум кој рефлектира меритократија. Добрата едукација и потеклото не значи дека можете со потценување да гледате на другите. Луѓето ќе го почувствуваат тоа и нема да им се допадне. Битно е колку добро ја извршувате работата.

Бидете спремни да покажете како се справувате со тешка ситуација. Ќе има моменти кога ќе морате да донесете тешка одлука. Некогаш ќе мора да избирате помеѓу луѓето. Одберете ги оние кои постигнале нешто, оние кои се барани и оние кои прифаќаат предизвици.

Секогаш и секаде обидете се да најдете одличен квалитет. Ќе забележите дека може да го има и на најнеочекуваните места.

Искористете ја вашата мрежа на познанства. Таа е многу повредна од било која диплома.

Не се врти се околу вас. Индивидуалистичкиот пристап, каде вие се ставате на првото место, не е посакуван од ниедна компанија.

Учете. Доедукацијата е исто толку важна колку и самата едукација. Не престанувајте да учите. Повеќе знаење, поголеми можности за повисока позиција.

Оддолжувајте се и помагајте им на другите. Направете нешто корисно. Паметно искористе ја дипломата кога веќе ја имате.