Лекција 1: Пет работи што треба да ги знаеш пред да ја започнеш твојата кариера

75

kariera prva lekcija

Овој текст е дел од серијата лекции Како до успешна кариера 101.

Регистрирај се и во наредните 30 дена ќе добиваш по една бесплатна лекција што ќе ти помогне да изградиш успешна кариера.

Со секоја година искуство, на списокот додаваме по една работа која посакувам да ја знаевме кога за прв пат почнавме да работиме.

Свесни сме дека звучи многу полесно од што е реално изводливо во пракса, ама старото добро правило дека најдобро се учи од туѓите искуства, продолжува да стои цврсто. Додека одредени работи како водење на состанок, бараат одреден број на часови и денови да поминат пред да ги завладееш, има неколку коишто колку порано ги дознаеш – толку подобро ќе поминеш.

Позади себе имаме работно искуство од повеќе години од што би сакале да признаеме и додека ние паничиме по прашањето, ти злоупотреби го и разгледај ги лекциите кои ги научивме, а кои верувај, ќе ти се најдат во многу повеќе ситуации од што во моментов можеш да замислиш.

To-do листите треба секогаш да бидат поделени на мали залаци

slika 1

Ако за некоја точка од to-do листата ти е потребен повеќе од еден час да ја исполниш – не е доволно детална. Секогаш прави листи со точки кои ќе можеш да ги „соџвакаш“. Листата нека ги следи и најмалите чекори низ денот, така ќе ти помогне да останеш фокусиран, и уште подобро – да се чувствуваш продуктивно секој пат кога ќе прецрташ ред.

Пример, наместо да напишеш „Издизајнирај лого за новото кафуле во градот”, пробај да почнеш со „Потроши 30 минути на бреинсторминг за новото лого”.

Поставувај многу прашања

Биди досаден. Верувај, колку повеќе прашања поставуваш во периодот кога почнуваш и се воведуваш во новата работа – толку подобро. Скоро никогаш не успева кога ќе пробаш да се убедиш дека со текот на времето ќе дознаеш/совладаш нешто, нема потреба, само ќе те ограничи и направи поспор. Прашувај најмногу што можеш, поставувај ги и најглупавите прашања и верувај – никој нема да се сеќава дека си прашал.

Научи да примаш критика

Една од најважните работи кои секој добар работник ќе мора во еден момент да ги совлада е да научи како соодветно да изреагира на упатена критика. Не се брани, прифати ја. Некогаш дури и побарај ја. Сите прават грешки, и правилото е – колку повеќе работиш, толку повеќе грешки правиш. Не се срами од тоа, не ја префрлај вината на друг, прифати ја критиката и заблагодари се. Откако ќе го направиш тоа добро размисли дали е вистинита и пробај да ја извлечеш лекцијата.

Побарајте помош, затоа што тоа е знак на зрелост, не на слабост

slika 2

Во одредени ситуации ќе бидеш убеден дека со комплицираната ситуација во која штотуку се најде треба да се избориш витешки, сам и во тишина, додека ги џвакаш огромните парчиња стрес. Некогаш нема да помислиш на најлесната опцијата – дека можеш да побараш помош.

Се разбира, зависи од работната средина и ред други работи, но секогаш е добар совет да се консултираш со некој поискусен колега или неверојатно вреден другар за како да се справиш со дадена комплицирана ситуација.

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin