Lenovo ќе пласира паметни телефони на европскиот пазар

19

lenovoКинескиот произведувач на компјутери Lenovo од следната година на европскиот пазар ќе продава и паметни телефони, а првите вакви уреди ќе бидат пласирани во Западна Европа, во второто тромесечје. Ова за француски Фигаро го потврди одговорниот од кинеската компанија за регионот Европа – Африка – Блиски Исток, Ѓанфранко Ланчи, додавајќи дека продажбата надвор од Кина веќе започнала, и тоа во Индонезија и Русија.

Со пазарен удел од 16,7% и 12,7 милиони продадени компјутери, Lenovo во вториот квартал застана на првата позиција на листата на произведувачи на компјутери, за малку надминувајќи го американскиот HP.