Леснина не се плаши од доаѓањето на Икеа во Хрватска

43

lesninaЛеснина не стравува од пад на продажбата поради доаѓањето на Икеа во Хрватска. Напротив, досега, со доаѓањето на секој нов играч на матичниот пазар, остварувале дополнителен раст и тоа го очекуваат и на хрватскиот пазар, вели генералниот директор на Леснина Хрватска и член на Управата, Рајко Магдаленц.

Според Магдаленц, за Леснина поголема конкуренција се столарите и малите фирми кои изработуваат мебел по мерка отколку Икеа, пишуваат хрватските медиуми.

Оваа година словенечкиот произведувач на мебел слави 65 години успешно работење. Леснина во регионот располага со разгранета мрежа од преку 20 продажни места и преку 1.100 вработени.

Леснина од 2010 година е дел од портфолиото на австрискиот концерн XXX Lutz.