Летонија донесе закон со кој се забранува увоз на руски гас

21

Летонскиот парламент ги усвои измените на Законот за енергетика, со кои се забранува увоз на руски природен гас во земјата од први јануари 2023 година.

Пратениците ја одобрија и листата со која ќе се регулираат договорите со другите земји од Европската унија за начинот на кој ќе се спроведува забраната, јавува Раша Тудеј (РТ) повикувајќи се на информативниот портал „Делфи“.

Балтичките членки на ЕУ – Летонија, Естонија и Литванија – го прекинаа увозот на руски гас како дел од напорите за намалување на енергетската зависност од Москва поради санкциите на Западот. Тие, исто така, го одбија барањето на Русија за плаќање на природниот гас во рубљи.