Leverpresso – пренослив, рачен апарат за еспресо

203

espreso

Фото: Kickstarter

Leverpresso е пренослив апарат за правење на еспресо, со којшто корисникот сам ќе може да си подготви кафе на било кое место. Leverpresso е мал, компактен и лесен за употреба.

Корисникот може да го промени вкусот на кафето врз основа на притисокот, количината на вода и времето за коешто кафето е во апаратот.

Времето на подготовка на кафето е од 15 до 30 секунди. Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 10.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 34 дена и има собрано 53.481 долари.