LG mosquito go away – телевизор што се бори против комарци

22

lg-mosquito-away-tv-759

Јужнокорејскиот технолошки гигант LG создаде посебен телевизор што ќе се бори против комарците, пишува India Times.

Станува збор за таканаречениот Mosquito away ТV, којшто ќе се продава во Индија по цена од 355 до 630 евра.

“Овој телевизор, развиен за потребите на потрошувачите во Индија, има вградена ултразвучна опрема што ги брка комарците, без да емитува штетни зраци… Оваа технологија не користи хемикалии, ниту пак има потреба од надополнување или посебно одржување“, велат од LG Electronics од Индија.

Компанијата тврди дека технологијата што ја користат овие телевизори е во согласност со нормите на глобалните организации, а е тестирана од страна на Институтот за биотехнологија и токсикологија на Индија.