LG претстави телевизор со два екрана

39

LG_double_sided_OLED_TV-590x330Јужнокорејската компанија LG го претстави својот најнов изум – OLED телевизор со два екрана, пишува The verge.

Станува збор за 55 инчни рамни екрани споени на тој начин што нема позадина и на двата се емитува она што ќе посакате. Телевизорот е со дебелина од само 4,9 милиметри, а рамките се толку тенки што едвај се забележуваат. Уредот е предвидено да биде произведен во две големини 111 инчен (281,9 см) и 55 инчен (139,7 см).

Од компанијата велат дека производот е сè уште во развој, но дека истиот ќе најде голема примена во трговски центри, аеродроми и други објекти од јавен карактер, каде луѓето ќе можат полесно да ги следат информациите.