LG се враќа на пазарот на таблети со моделот G Pad

32

LG-Optimus-Pad-LTE-3Во мај годинава се појавија информации дека компанијата LG сака да се врати на пазарот на таблети кон краот на 2013 година.

Па така, LG најпрво го претстави Optimus Pad кој не се покажа во најдобро светло, по што следуваше повклекување на компанијата од овој пазар.

Но и покрај тоа, LG планира повторно да се пласира на пазарот на таблети со моделот G Pad.

Станува збор за 8.3 инчен таблет со резолуција од 1920 x 1200 пиксели, квад кор процесор и RAM меморија од 2GB.

Податоци во врска со процесорот не се објавени, но се претпоставува дека ќе биде Snapdragon, a во план се и SIM и WiFi верзија.

Прогнозите се дека G Pad ќе биде исклучително тенок, слично како смартфонот G2 и нема да има пенкалце, пренесуваат агенциите.