Lidl не планира отворање супермаркети во Северна Македонија, ниту пак засега постои план за ширење во земјата, велат од еден од најголемите трговски синџири во Германија и Европа за Дојче веле.
“Lidl постојано ги анализира можностите за експанзија. Но во моментов нема никакви планови за влез на пазарот во Северна Македонија“, велат од прес-службата на компанијата.
Lidl во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркет. Синџирот поседува повеќе од 10.000 супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Lidl нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.
Фото: Pixabay