Германскиот трговски синџир Lidl планира да отвори свои продавници и во Македонија, пишува InStore.
Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нивните извори кажуваат дека подготовките на Lidl веќе се влезени во сериозна фаза.
Во трговскиот сектор кај нас веќе и јавно се зборува за влезот на Lidl на македонскиот пазар. Но, од седиштето на компанијата во Германија ниту ја потврдиле, ниту ја демантиралe информацијата.
“Ви благодариме за интересот за нашата компанија. Во моментов сме концентрирани на нашата експанзија во Латвија и во Естонија“, одговорија од Lidl.
Инаку, трговскиот синџир оперира во 30-тина земји во Европа, со околу 11.000 продавници.
Фото:Pixabay