Lidl воведува големи промени – што можат да очекуваат клиентите

308

Lidl има нова стратегија за промена на асортиманот на производи. Во иднина процентот на производи од животинско потекло ќе се намалува, пишуваат германските медиуми. Какви промени можат да очекуваат потрошувачите сега?

Сè повеќе вегетаријански и вегански производи има на полиците на супермаркетите и продавниците со попуст во Германија. Понудата на храна без месо или други животински производи сега е голема. Се нудат различни алтернативи за млечни производи, како и за месо, пишува Феникс-магазин.

Lidl сега сака да ја промени својата понуда – и најавува намалување на процентот на производи со животински протеини во својата понуда.

Како што велат од Лидл, ова е чекор „без алтернатива“. На овој начин Лидл сака да направи нешто добро за планетата, пренесуваат германските медиуми.

Тие планираат да го намалат асортиманот на производи од животинско потекло во нивните продавници, а да бидат пример за помладите генерации, пренесува Пословни.хр.

Фото: Pixabay