ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода

255

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска остварил работна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија.

Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода.

“На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија. Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица. Вреди да се спомене и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.