
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија, зборуваше за економијата на својата земја, поради што оваа земја ја нарекуваат „болесник на Европа“.
Тој не смета дека на земјата и е „болесник на Европа“, истакнувајќи дека до неодамна минувала низ многу успешен период.
„По многу успешен период од 2012 година до оваа година на криза, Германија е како уморен човек по кратка ноќ“, изјави Линднер, а пренесува порталот Klix.ba.
Минатата година Германија повторно почна да се нарекува себеси „болесник на Европа“. Причината за тоа е што нејзината економија забележа пад од 0,3 отсто и беше под влијание на високите цени на енергијата, инфлацијата и каматните стапки. Производството во оваа земја лани е намалено за два отсто.
Болниот човек на Европа е фраза што првпат се употребуваше во 1998 година, кога обединета Германија исто така се соочуваше со економски предизвици.
Линднер смета дека очекувањето за ниска стапка на економски раст е повик за будење.
„И сега имаме добро кафе, што значи структурни реформи, па ќе продолжиме со економските успеси“, додаде Линднер.
Како голем предизвик го посочи решавањето на германскиот долг и дефицит. Тој тврди дека бил единствениот во Владата кој се заложил за тоа решение и дека успеал да го реши проблемот со долгот.













