LinkedIn Live – нова видео услуга на социјалната мрежа

26

Фото: Pixabay

Microsoft пред повеќе од две години ја купи професионалната социјална мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари, а сега планира да им овозможи на корисниците уште една услуга.

Станува збор за LinkedIn Live, нова опција преку којашто ќе може да се прикачуваат разни видеа на социјалната мрежа, пишува Hot hardware.

LinkedIn Live ќе биде начин да им се овозможи на компаниите да ги пренесат во живо своите конференции, да најават нови производи, да одговорат на некои прашања и слично.

Услугата почна да се тестира оваа недела на избрани корисници од САД. LinkedIn се уште нема најавено кога истата ќе биде достапна на глобално ниво, но ќе се прифаќаат пријави доставени преку формулар за контакт на LinkedIn.

Видеа во живо веќе се емитуваат на  Facebook, Twitter, YouTube, па LinkedIn ќе има голема конкуренција. Од компанијата велат дека овие видеа ќе се разликуваат со оглед на тоа дека станува збор за таргетирани корисници, односно професионалци во своето поле.