
Руското дизајнерско студио Aotta разви проект за подвижна капсуларна микро кујна, којашто може да се користи во домовите, канцелариите и хотелските соби.
“Идејата беше инспирирана од потребата кујнските елементи да бидат функционални независно од просторот каде се наоѓаат. Едноставниот дизајн што изгледа како детска играчка, создава уникатна и релаксирана слика“, се вели на интернет страницата на студиото Aotta.
Секој модул има доволно простор за вградување на електрични апарати, како што се микробранова печка и кафемат. Во микро кујната има место за чаши, чинии, прибор за јадење, за чај и кафе.
За изработка на оваа кујна се употребува иверка, фурнир, како и бои и восок од природни материјали.