LogicInk – лепенка што покажува кога е време да се тргнете од сонце

40

unnamed

Фото: LogicInk

LogicInk UV е лепенка што се става на кожата, не пропушта вода, може да се мачка со заштитна крема и покажува кога сте ја добиле потребната количина на сонце. Направена е од специјално мастило што реагира на сончеви зраци.

Лепенката ја има во два дизајна, кружна форма и во форма на ленти. Кај кружната форма, внатрешниот круг покажува моментална изложеност на UV зраци со тоа што ја менува својата боја од бела во виолетова. Надворешниот пак ја означува кумулативната изложеност на UV зрачењето, менувајќи ја својата боја последователно во насока на стрелките од часовникот.

LogicInk лентите имаат иста функција. Горната лента ја покажува кумулативната изложеност на UV зраци, додека долната ја менува боја во однос на моменталното зрачење.

Компанијата, со седиште во Сан Франциско, планира продажба на лепенката од оваа пролет.