Loop Habit Tracker – практично дизајнирана апликација која помага да се формираат здрави навики

7

Постојат голем број на студии кои се обиделе да утврдат колку време навистина е потребно за да се формираат навики (по можност позитивни и здрави), а прифатено е дека се потребни околу два месеци за да се формира навика (иако тоа зависи од различни параметри).

Но, едно е сигурно, тајната за создавање навики всушност лежи во постојаното повторување. Тука влегуваат апликациите како Loop Habit Tracker. Станува збор за прекрасна апликација со отворен код која е специјализирана за помагање да се создадат и потоа да се одржат новостекнатите здрави навики. Целата работа е релативно лесна за употреба.

Преку минималистичкиот, но пригодно дизајниран интерфејс, треба да ги внесете навиките што сакате да ја прифатите (или кој било друг тип на повторувачка задача), а Loop ќе се погрижи да извести навреме кога некоја задача навистина треба да се спроведе. Истовремено, точно ќе следи колку е „силна“ една навика, односно колку вредно се изведува (дури има и специјално дизајниран алгоритам за ова).

Статистичкиот увид е исто така многу пригодно дизајниран и дава увид во напредокот на усвојување на нови и задржување на веќе стекнатите навики, а има и некои други убави работи како виџети. Loop Habit Tracker е потполно бесплатен и нема скриени ограничувања или реклами, но е достапен само за паметни телефони со Android.