Фото: Pixabay
Проблеми со помнење и губење на концентрација се работи што не сакате да ви се случат. Затоа треба колку што можете да ги елиминирате овие навики и однесувања.
Постојан стрес
Ако постојано се грижите за работата, парите, социјалниот живот, стресот ќе го направи своето. На сите ни е добро познато што сè може да предизвика стресот, а меѓу останатото може да ја намали и вашата интелигенција, па дури и да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест.
Мултитаскинг
Пишување на мејл додека разговарате со вашиот колега и јадете во исто време е голема грешка. Мултитаскингот може само да му пречи на мозокот и да делува збунувачки. Ако постојано пребегнувате кон решавање на повеќе работи истовремено, мислите ќе ви се блокираат одвреме – навреме, слично како што компјутерот може да се “закочи” ако претерувате со отворање на програми.
Хроничен замор од често патување
Постојан замор од густ распоред за патување, исто така, влијае на намалување на коефициентот на интелигенција. Луѓето што често патуваат, особено оние што менуваат временски зони имаат проблеми со помнењето што можат да траат месец дена по враќањето дома. Патувањето низ различни временски зони го нарушува и нормалниот срцев ритам.
Претерано “гуглање“
Да се има неограничен пристап до информации во било кое време е одлично, но истовремено ги напаѓа нашите нерви. Денес на Google може да се најде сè, од рецепти до адреси и телефони, толку лесно што немаме потреба да ја употребуваме нашата меморија. Многу повеќе би запомниле каде сме ја зачувале информацијата отколку што била содржината на таа информација.
Неразрешена вина
Секој одвреме – навреме може да почувствува вина. Во тие случаи најчесто се извинуваме или преземаме нешто со цел да ги елиминираме овие чувства. Но, ако ја оставиме вината неразрешена да тлее во нас, таа постојано ќе пречи во когнитивниот процес и нормалното функционирање на мозокот. Единствено решение е на соодветен начин да се ослободиме од тоа чувство и да го оставиме зад нас.
Грижа
За многумина грижата е безопасна и честопати пред другите не признаваат дека нешто ги мачи. Сепак, грижата предизвикува непријатна емоционална состојба што сериозно може да пречи на концентрацијата. Кога се грижиме за нешто тоа сакале или не, го ставаме во преден план. Затоа треба да настојувате да се ослободите од вашите грижи што е можно поскоро и побезболно, за да оставите место во мозокот за решавање на многу поважни работи.