Лоши навики што можат да ве чинат кариера

24

biro-nesredeno-pixabay

Фото: Pixabay

Сите ние имаме некакви лоши навики за кои не сме свесни и не знаеме каков ефект истите можат да имаат врз приватниот живот, кариерата…

Лошите навики можат да ги саботираат вашите врски/односи со луѓето, продуктивноста и резултатите што се обидувате да ги постигнете на различни полиња.

Во продолжение погледнете што треба да елиминирате од вашето однесување.

Критикување на шефот

Било каков вид на критика, дошепнување зад грб, правење разни гримаси кога шефот зборува, имитирање… сето тоа не смеете да си го дозволите, особено ако сакате што поскоро да добиете унапредување.

Однесување како веќе да знаете сè за работата

Ова само може да ве направи арогантен/на во очите на сите и да ги намали вашите шанси за развој во кариерата.

Обвинување на другите

Покажување со прст кон другите со цел вие да се заштите е многу лоша навика. Со тоа нема да добиете поени кај никого, само ќе го разнишате вашиот кредибилитет.

Покажување премногу емоции

Без разлика дали станува збор за гнев, лутина, страв, драматичното однесување не ви оди во полза. Никој не сака емоционално нестабилна личност, особено на работното место.

Неверување во своите способности

Ако не верувате дека можете да завршите одредена задача, си наштетувате сами на себе. Колебањето во своите способности ќе ве врати само чекор назад.

Жалење

Постојаното жалење за сè и сешто ги поткопува вашите потенцијали и изгледи за напредување во кариерата. Некои работи едноставно не можат да се сменат. Што побрзо го прифатите тоа, толку подобро за вас.

Чекање на вистинскиот момент

Одложувањата не се решение за она што треба да се направи. Совршен момент не постои. Не се плашете да го преземете потребниот чекор.