Лоши навики што носат негативни поени на работа

spojuvalki

Фото: Pixabay

Ако се пронајдете во некои од овие лоши навики вистинско време е да ги елиминирате.

Фалење

Кога сте горди на нешто што сте постигнале нормално е дека сакате тоа да го споделите со другите. Сепак, ако тоа го направите како невкусен чин на фалење со супериорен, висок тон, притоа омаловажувате други, ако не заблагодарите кога ќе ви честитаат… не очекувајте позитивни реакции и коментари.

Доцнење на работа

Професионалноста се гледа и во доаѓањето навреме на работа. Доцнењето никогаш не било и нема да се смета за прифатливо, особено ако ви се случува често.

Доцнење на состанок

Сите веќе пристигнале и се подготвиле за состанокот, а вие речиси секој пат доаѓање со задоцнување. Не очекувајте дека тоа нема да помине незабележано.

Неуредност

Работниот простор е заеднички за сите, па ако сте од оние кои постојано оставаат неред зад себе, не ги собираат чашите, отпадоците и не ги враќаат работите на свое место, не се чудете кога ќе наидете на ладен поглед од колегите.

Постојано жалење

Во ред е да се пожалите некогаш за нешто, но тоа не смее да биде за тривијални, неважни работи, само од навика да кажете дека некој не ви обрнал внимание, имате премногу работа и слично.

Барање боледување кога нема потреба

Воопшто не е професионално да се земаат слободни денови и боледување кога нема потреба. Не очекувајте дека тоа нема да го забележат вашите колеги и претпоставени.

Нервозно однесување

Тропање со клучеви, тресење на нозе, постојано проверување на телефонот, грицкање на нокти, чешкање на главата и слично предизвикува анксиозност и кај другите и ги дефокусира од нивните задачи.

Правење нешто сосема трето на состанок

Играње со телефонот, пишување пораки или било што друго со кое покажувате дека едноставно не сакате да слушате, дека ви е здодевно ќе ви препише негативни епитети како работник и личност.

Прекинување

Не смеете да бидете некултурни кога некој друг зборува, почекајте да заврши, па кажете го своето мислење. Секој има право на свои пет минути. Не бидете арогантни, тоа е особина што никој не ја сака.

Продавање

Нудење на разни производи, убедувања за донирање во разни организации на работното место, не само што е непрофесионално, туку ги става во незгодна положба другите кои се чувствуваат чудно и приморано да направат нешто што не би сакале.

Висок тон

Без разлика дали работите или едноставно кажувате шега, не смеете да бидете гласни повеќе од дозволеното во еден канцелариски простор.

Чести приватни разговори

На работа сте. Сведете ги приватните разговори на минимум и правете го тоа во слободното време.

Заземање туѓ простор

Држете се до своето биро и таму чувајте ги вашите работи. Не го нарушувајте приватниот простор на колегата/колешката до вас.

Избегнување на дружења и настани

Без разлика дали сте срамежливи или мислите дека имате попаметна работа, ако постојано одбегнувате дружења на колегијална основа или настани организирани од компанијата, колегите природно нема да сакаат да ве дружат. Ќе ве сметаа за асоцијални, арогантни и нема да ве гледаат како дел до тимот.