“Лови“ топчиња за голф и годишно заработува над еден милион долари

15

Glenn-Berger

Глен Бергер од САД на необичен начин успева да заработи од 1,3 до 1,7 милиони долари годишно. Тој ја облекува својата облека за нуркање и ги “лови“ топчињата за голф покрај спортските терени на Флорида, пишува The golfs news.

Идејата за ваков потфат тој ја добил пред 14 години, откако останал без работа.

Собраните топчиња Бергер ги продава за околу еден долар, по што годишно заработува и до 1,7 милиони долари. Во текот на еден ден, Бергер собира од 3.561 до 4.657 топчиња за голф.

Од 2001 година, кога го започна овој необичен бизнис, Бергер досега заработил најмалку 15 милиони долари.