Русија привремено го забрани извозот на одредени петрохемиски производи

Русија воведе привремена забрана за извоз на одредени петрохемиски производи со цел „да се обезбеди стабилно снабдување со суровини за руските индустриски претпријатија“, објави денес  „Астра“, повикувајќи се на руските власти.

Забраната вклучува извоз на бензен, толуен, ортоксилен, параксилен и фенол добиени од јаглен и нафта, додава „Астра“.

Тие производи се користат „во производството на бои и лакови за автомобилската, авионската, бродоградбената и железничката индустрија, како и во производството на пакување храна, подни облоги, материјали за изолација на кабли и во медицинскиот сектор“, објави порталот.

Таа мерка беше воведена за период од три месеци.

Земјите-членки на Евроазиската економска унија – Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан – се ослободени од оваа забрана.