Најголемата руска приватна нафтена компанија, „Лукоил“, се здоби со 50 отсто од акциите во проектот „Блок 4“ во Мексико, со вкупен договор од 685 милиони долари, според компанијата.
„Лукоил“ најави завршување на договорот за стекнување на 50% удел во проектот „Блок 4“ во Мексико преку преземање на холдинг компанија која е сопственик на операторската компанија. Одобрението за стекнување на овие средства од страна на мексиканските власти било добиено на 3 февруари 2022 година, според „Лукиол“.
Зделката изнесуваше 435 милиони долари плус реалните трошоци направени од 1 јануари 2021 година до датумот на затворање (приближно 250 милиони долари), се вели во соопштението на компанијата.
Проектот вклучува две парцели со вкупна површина од 58 квадратни километри, лоцирани во Мексиканскиот Залив, на 42 километри од брегот. Длабочината на морето во областа на блоковите е 30-45 метри. Во рамките на блоковите има две нафтени полиња Ichalkil и Pokochс со резерви на јаглеводороди од 564 милиони барели, од кои 80% нафта, информира finam.ru.
Производството на локацијата започна во четвртиот квартал на 2021 година, а сегашното просечно дневно производство на нафта надминува 25.000. Проектот се спроведува во три фази со очекуван максимален дневен принос од над 115.000 барели дневно. Партнер е нафтената и гасната компанија PetroBal (дел од мексиканскиот конгломерат GrupoBAL) со удел од 50%.
Договорот за поделба на производството според проектот, потпишан во 2016 година, е изработен за 25 години и предвидува можност за продолжување за уште 10 години.