Луксембург замрзна 4,3 милијарди евра руски имот

70

Во согласност со санкциите на ЕУ, властите во Луксембург досега „замрзнаа“ околу 4,3 милијарди евра руски имот во таа земја.

Според зборовите на министерот за финансии, Јурико Бакес, станува збор за пари на жиро сметки и хартии од вредност.

Досега се санкционирани повеќе од 90 лица и околу 1.100 фирми.

Со 125 меѓународни банки, Луксембург е еден од најважните меѓународни финансиски центри.