Lumes – паметен проектор со повеќе функции

54

Фото: IndieGoGo

Lumes е мултифункционален проектор што може да се користи за гледање 4К видеа, за играње игри, за правење презентации…

Проекторот исто така може да се користи за слушање музика, благодарение на квалитетниот звучник вграден во него. За Lumes да функционира, доволно е само симнување на мобилна апликација на смартфон,  и истиот може да се контролира.

Проекторот е компактибилен со голем број на уреди како, компјутери, таблети, мобилни телефони, конзоли за игри, апарати и слично.

Овој старт-ап проект од Индија има своја кампања на платформата IndieGoGo и досега има собрано 21.420 долари од првично побараните 5.000 долари.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.