LunaR – паметен часовник што работи на сончева енергија

133

img_2725

Фото: Kickstarter

LunaR е паметен часовник што работи на сончева енергија, пишува PR Newswire.  Со својот транспарентен соларен панел генерира енергија од сонцето, како и вештачка светлина. Како што вели Гевин Браун, главниот дизајнер на LunaR, корисникот може со години да не го наполни часовникот.

LunaR има елегантен дизајн со дискретни известувања за текст, повици и нотификации од социјалните медиуми. Освен тоа, ги следи чекорите на корисникот, оддалеченост, калории и дава податоци за спиењето. Тој поседува две временски зони, отпорен е на вода до длабочина од 50 метри, го следи времето на изгрејсонцето и залезот и го информира корисникот за тоа уште колку има преостанато до крајот на денот.

Благодарение на соработката со Sunpartner Technologies, водечка француска компанија за сончева енергија, транспарентниот соларен панел го полни LunaR во истиот момент кога часовникот ќе биде изложен на природна или вештачка светлина. Тој, исто така, ги потсетува корисниците кога е време за полнење.

Часовникот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и досега има собрано над 76.000 долари од побараните 50.000 долари.