LVMH падна од тронот! Кој е сега најмоќниот луксузен гигант во Европа?

Француската LVMH  ја загуби позицијата на најголемата луксузна компанија во Европа по пазарна вредност, откако беше престигната од големиот ривал Хермес.

Ова се случи по разочарувачката најава на холдингот специјализиран за производство на луксузни стоки во првиот квартал, пренесе Ројтерс.

Според последниот квартален извештај, акциите на LVMH паднале за седум отсто, намалувајќи ја нејзината пазарна капитализација на 246 милијарди евра, што е помалку во споредба со 247 милијарди евра колку што моментално вреди Хермес, исто така истакната француска модна куќа.

LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy), кој вклучува врвни брендови како што се Луј Витон, Диор, Тифани синџирот за накит и козметика Sephora, објави послаби од очекуваните резултати во првиот квартал откако американските купувачи го намалија купувањето козметика и коњак и сè уште е слаба продажбата во Кина.