
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека неодамна имало оштетувања на влезните згради во подземниот нуклеарен објект на Иран во Натанц, додавајќи дека не очекува никакви радиолошки последици или дополнително влијание врз самиот објект.
Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека „нема индикации“ за оштетување на нуклеарните објекти на Иран.
„Немаме индикации дека некој од нуклеарните објекти е оштетен или погоден“, рече тој, додавајќи дека МААЕ продолжува да се обидува да контактира со нуклеарното регулаторно тело на Иран преку Центарот за инциденти и вонредни ситуации на МААЕ, пренесува АП.













