Компанијата Мајкрософт соопшти дека ја стопира продажбата на своите производи и услуги во Русија. Таа е уште една од низата западни компании кои се оградуваат од Москва по инвазијата на Украина, пренесува Ројтерс.
Уште неколку други големи компании, меѓу кои Apple, Nike и Dell Technologies ги прекинаа врските со Русија, откако западните земји воведоа санкции против Москва.
Технолошките компании, исто така, во изминативе денови го прекинаа емитувањето на руските медиуми под контрола на државата, вклучително и Русија денес (РТ) и Спутник, како одговор на владините барања и повици да се спречи ширењето на руската пропаганда.
Претходно, Microsoft објави дека ги отстранил мобилните апликации на RT од Windows App Store и забранил рекламирање на медиумите спонзорирани од Русија.
Фејсбук и Јутјуб, исто така, ја ограничија заработката од реклами на руските државни медиуми на нивните платформи.