Македонија ќе продолжи со реализација на Јужен тек

20

ТЕК-1-Како што беше претходно најавено, Република Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек со тоа што ја поттикнува Европската комисија и Русија да отворат директен дијалог, односно Газпром и ЕК за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект.

Oва го изјави денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Кочани.

Тој нагласи дека проектот не само што сам по себе има економско и општествено значење, туку и е значаен и за подобрување на конкуретноста на економиите кои се вклучени во неговата реализација.

“Очекувам преку директен дијалог, Европската комисија и Газпром да ги решат отворените прашања”, истакна вицепремиерот Ставрески.