Македонија на 78 место место на листата на најбогати земји во светот

116

Во истражувањето „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“ објавено од магазинот Global Finance, Македонија е позиционирана на 78 место.

Според таа листа, најбогати земји во светот се Луксембург, Сингапур, Ирска и Катар. Најсиромашни се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.

Гледано во регионот, Словенија е на 36-то место, Хрватска на 53- то место, Грција 55- то место, Црна Гора е на 69-то место. Србија на 72. позиција, Босна и Херцеговина на 88 и Албанија на 92-то место.

„Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја – збирот на сите стоки и услуги произведени од земјата за една година – тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП, како што се Обединетите Држави на Америка, Кина, Јапонија и Германија. Но, како може економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург некогаш да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа“, пишува магазинот, пренесува RTCG.

Друг проблем со БДП, забележува Global Finance, е тоа што не ја мери распределбата на богатството.

„Затоа попрецизното претставување на условите за живеење на луѓето започнува со делење на националниот БДП според бројот на луѓе кои живеат таму. БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство кое е потенцијално достапно за секој човек и дали тоа богатство се зголемува или намалува со текот на времето“, се наведува во текстот.